Турција ќе финансира акумулација во Прилеп

Bez autora
Sep 26 2013

Со помош на турската влада ќе се гради акумулација за жедното прилепско поле, а локацијата ќе ја избере претпријатието за водостопанство „Прилепско поле“, обелодени вчера Љупчо Димовски, министер за земјоделство. Гордана Тошеска, директорка на „Прилепско поле“, рече дека, најверојатно, ќе се работи на постојната брана на големата акумулација, односно во месноста Пештерица. Според Димовски, кој вчера беше во посета на Прилеп, ова ќе биде една од петте акумулација што ќе се градат во земјава со турска поддршка. Голем е акумулациониот простор околу езерото и ќе се експлоатира неискористената вода. Новата акумулација би зафаќала околу 20 отсто повеќе од постојната од шест милиони кубни метри вода.

Турција ќе финансира акумулација во ПрилепСо помош на турската влада ќе се гради акумулација за жедното прилепско поле, а локацијата ќе ја избере претпријатието за водостопанство „Прилепско поле“, обелодени вчера Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

Гордана Тошеска, директорка на „Прилепско поле“, рече дека, најверојатно, ќе се работи на постојната брана на големата акумулација, односно во месноста Пештерица.

Според Димовски, кој вчера беше во посета на Прилеп, ова ќе биде една од петте акумулација што ќе се градат во земјава со турска поддршка.

- Голем е акумулациониот простор околу езерото и ќе се експлоатира неискористената вода. Новата акумулација би зафаќала околу 20 отсто повеќе од постојната од шест милиони кубни метри вода. Локацијата би била во месноста Пештерица за да се искористи поставениот систем од неколку стотини километри мрежа, со која се наводнуваат околу три-четири илјади хектари, главно под тутунски насади. Новата акумулација ќе овозможи да се активира дел од системот што е затворен поради недоволни количества вода - вели Тошеска.

Во Прилеп се очекува градба уште на една мала акумулација од сто илјади кубни метри вода во близина на селото Селце.

Инаку, акумулацијата кај Прилеп е градена пред 50 години и редовно се одржува. Површините на тутун што се наводнуваат од хидросистемот даваат двојно поголеми приноси од оние што не се наводнуваат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik